Првиот можен надворешен индикатор на рак во последните 30 години

doctor with a package of donor blood

Тромбоцитите се најмали протеини кои ја сочинуваат крвта, а одговорни се за создавање на згрутчување и спречување на понатамошно крварење на местото од некоја повреда. Поради нивната важност на функција во телото, потребно е да се има доволно тромбоцити, но доколку ги има многу повеќе, доаѓа до состојба која се нарекува тромбоцитоза.

Најновото истражување сугерира дека ова пореметување во крвта може да биде поопасно отколку што до сега се сметаше, и дека кај некои лица може да биде ран знак на карцином, пишува International Business Time.

Студијата, објавена во The British Journal of General Practice, открива дека зголемениот број на тромбоцити кај некои случаеви може да биде единствениот надворешен индикатор на рак. Според студијата, околу една третина од пациентите со тромбоцитоза, кои имаат рак на белите дробови или дебелото црево, немаат никакви други симптоми. Ова истражување можеби ни го открива првиот нов индикатор за рак во последните 30 години.

Студијата се темели на медицинска евиденција кај 40 000 пациенти, а резултатите покажуваат дека кај повеќе од 11 отсто мажи и 6 отсто од жените, постари од 40 години, кои имале зголемен број на тромбоцити е откриен рак во рок од една година.

“Знаеме дека клучот за лекување е раната дијагноза. Нашето истражување покажува дека кај одреден број на луѓе, ракот може да биде дијагностициран три месеци порано, доколку навреме се воочи тромбоцитоза, а три месеци прават голема разлика”, вели Д-р Сара Бејли, автор на студијата.

Според овие сознанија, тимот од научници проценуваат дека ако 5 отсто од луѓето со рак имаат тромбоцитоза пред да им е дијагностициран рак, тогаш, третина од оваа група може потенцијално неколку месеци однапред да имаат дијагноза, што е клучно за нивниот живот.

Постојат два вида на тромбоцитоза – примарна и секундарна. Примарната настанува од непознати причини, додека секундарниот причинител е сегашната медицинска состојба во форма на анемија или инфекција. Вообичаени симптоми за зголемен број на тромбоцити се модрици на кожата или крварење од носот, устата, непцата или желудникот. Кај некои случаеви оваа состојба може да манифестира болка, отоци, вкочанетост и пецкање во рацете или нозете.

Поддржете ја нашата работа: