„Quinta de Regaleria“ и неговиот мистичен бунар: Ѕирнете во една од најфасцинантните градби во светот

Културниот пејзаж на Синтра е дел од светското наследство на УНЕСКО, а Синтра е дом на една од најфасцинантните палати во светот.

Имотот на кој се наоѓа Quinta de Regaleria, во Синтра, Португалија, смени многу сопственици сѐ додека не го купил милионерот Антонио Аугусто Карвало Монтеиро, на крајот на 19 век. Екстравагантниот Монтеиро сакал палата во која ќе бидат претставени сите негови необични интереси. Потоа го ангажирал италијанскиот архитект Луиџи Манини, кој успеал да искомбинира елементи од различни епохи со вешт дизајн, така што на објектот може да се препознаат античките и готските и ренесансните, како и исламските архитектонски елементи. Манини, исто така, успеал да ја спои грандиозната палата со околната природа.

Меѓутоа, ексцентричниот сопственик не негувал фасцинација само од различни стилови на архитектура, бил фасциниран од алхемијата, масоните, темпларите и розекројцерите, а целата палата заедно со паркот токму тоа и го „кажува“.

Најпознатите градби на имотот се два бунара кои служеле за иницијација и се користеле за церемонијални цели при изведување на различни ритуали.

Бунарите се поврзани со лавиринт од тунели кои водат до некои делови од паркот, а паркот е посебна приказна.

Пештери, езера и фонтани – сето ова е пронајдено на имотот, а во совршена хармонија со природата добивате впечаток на имагинарен свет кој ве вовлекува.

Поддржете ја нашата работа: