Познатиот музеј Ермитаж, во рускиот град Санкт Петерсбург, е една од најголемите, најстарите и најважните уметнички галерии и музеи во човечката историја и култура. Неговите огромни збирки се изложени во шест згради. Главна зграда е Зимскиот дворец, кој некогаш бил престижна резиденција на руските цареви.
Бил основан во 1754 година од руската кралица Катерина Велика, а за посетители е постојано отворен од далечната 1852 година. За време на владеењето на кралицата Елизабета, во раниот 18. век, палатата била нападната од глувци кои ги пустошеле дрворезите и останатиот инвентар.
За да го запре глувчешкиот поход, Елизабета наредила итно да се вдомат десетици мачки кои ги пуштила низ подрумските простории. Се покажало дека тие се совршено ефикасни, па кралицата одлучила на мачките да им даде постојан кров над главата.
Нивната популација останала во палатата дури и кога таа била направена музеј. Нивните мрачни денови настапиле во периодот по Втората светска војна, кога во Советскиот Сојуз владееле беда и глад. Дел од нив ја напуштиле зградата, а послабите умреле од глад.
Во раните ’50 – тти години, музејот повторно бил цел на масовна миграција на глувци, па раководителите биле принудени повторно да побараат помош од влакнестите пријатели. Традицијата била испочитувана и за кратко време глодарите исчезнале.
Во 2007 година администрацијата на музејот започнала програма за редовно вдомување на мачки, а во 2011 бил организиран и фестивал за мачките чувари.
Денес, во Ермитаж живеат 74 мачки. Живеат во подрумите и немаат пристап до уметничките галрии. За нив се грижи музејска ветеринарна служба, а има и посебна кујна која тесно соработува со компанијата „Ројал канин“, што произведува храна за домашни миленичиња.
Музејот Ермитаж е прикажан во филмот „Руска арка“. Неверојатно дело без никаква монтажа и со историска глума. Обработува период од 300 години дворски собири, балови и семеен живот во Зимскиот дворец.