Во Токио 14% од целиот сообраќај се одвива со велосипеди. Токму затоа јапонскиот главен град реши да направи подземни и надземни (затворени) паркинзи за велосипеди.
Името на овие паркинзи е Eco Cycle и кога се гледаат однадвор делуваат како големи телефонски говорници. Дури и ако се загледате внатре ќе помислите дека вратата не води никаде.
Реалноста е дека таа врата води до местото каде што секој може да го остави својот велосипед без тој да пречи никому, а во еден ваков „трезор“ може да се остават и неколку илјади велосипеди.
Велосипедистите можат да го остават, односно да го земат својот велосипед за само 8 секунди. Толку време е потребно за велосипедот оставен на овој паркинг да се смести, односно да се пронајде од илјадниците велосипеди и да му се врати на сопственикот.
Цената на месечната паркинг услуга изнесува само 25 долари, а во Јапонија во моментов има 50 вакви паркинзи за велосипеди.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























