Ретка “Блонди” зебра фотографирана во дивината на Африка

Неодамна во Националниот парк “Серенгети” е забележана ретка “блонди” зебра која потврди дека светло обоените животни од овој вид уште можат да живеат во дивината.

Сергио Питамиц, фотограф од National Geographic, патуваше низ Танзанија, надевајќи се дека ќе направи фотографии од вакви зебри, кога за миг здогледал светло обоена единка во толпа зебри.

Невообичаената зебра со бело-кафеави животински пруги трчала напред кон првиот извор за да се напие вода.

“Најпрво помислив дека тоа е зебра која се извалкала трчајќи низ прашината, но прашината не се изми од водата, па така заклучив дека таа всушност така изгледа”, вели Питамиц за National Geographic.

Се чини дека зебрата има делумен албинизам, ретка болест на кожата, очите и косата, која се јавува поради недостиг на пигментот меланин. Албинизам е забележан кај различни животински видови, од орангутани до пингвини.

Оваа појава кај зебрите кои живеат во дивината е премногу ретка. Покрај пријавените забележани вакви зебри, но истата е документирана само кај зебри кои живеат во заробеништво.

До ден денес научниците не биле сигурни дека ваквите зебри можат да преживеат во дивината, бидејќи сметаат дека албинизмот влијае на стапката за преживување. Зебрестите пруги не служат за камуфлажа од предатори или било каква безбедносна мерка.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt