Нека вашата профилна фотографија ја одбере странец

СПОДЕЛИ

Често знаеме да слушнеме дека убавината е во окото на очевидецот, а сега едно истражување вели дека ова е вистина.

Во една мала студија спроведена на Универзитетот UNSW во Австралија учествувале 102 машки и женски ученици. Истражувањето потврдило дека нашите слики кои ние ги избираме за наши профилни фотографии на социјалните мрежи, често не не претставуваат во најдобро светло, пишува Mashable.

Потврдено е дека е подобро фотографијата која ќе го краси вашиот профил да ја избере некој друг, а не вие сами. Студентите се замолени да изберат две од дванаесет понудени фотографии кои би ги ставиле или никогаш не би ги прикачиле за профилна слика на социјалните мрежи како Фејсбук или Линкдин.

Констатирано е дека фотографиите кои ги одбрали странци се поатрактивни, подоминантни, дека на нив поединецот изгледа посамоуверено и убаво. Фотографиите кои си ги избираме самите на себе и за кои мислиме дека се одличен избор, ретко кој друг би ги одбрал.

Студијата доведува до заклучок дека луѓето сами себе не се гледаат баш најдобро, а странците во нас можат да ја пронајдат убавината. Истражувањето ќе продолжи со цел точно да се потврди зошто тоа е така, но и ова нас може да ни послужи како водечки принцип.

Кога ќе имате можност, понудете му на некој да наместо вас избере фотографија која вас ќе ве претстави на друштвените мрежи. Можеби ќе бидете пријатно изненадени.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------