Револуционерните чевли со ласер им помагаат на лицата со Паркинсонова болест да одат

Технологијата повторно изненадува со новите начни за подобрување на човечкиот живот.

Како прогресивно нарушување на централниот нервен систем, Паркинсонова болест претставува и нарушување на движењето, поради намаленото лачење на допамин, хормонот кој има важна улога во контролата на доброволни движења. Симптомите на оваа болест за прв пат беа опишани во 1817 година од страна на Џејмс Паркинсон.

Имено, на Холандскиот Универзитет Твенте, научниците направиле изум за кој досега немаме слушнато. Тие креирале чевли кои ќе можат да го потпомогнат движењето на поединецот кој боледува од Паркинсонова болест. Овие чевли се опремени со мали ласерски емитери и во најновите тестови кои се спроведени, се покажале исклучително корисни за пациентите, бидејќи им помагаат нормално да се движат.

Се прашувате како функционираат? Чевлите им помагаат на пациентите да направат чекор кога и да се случи да не можат да зачекорат и притоа застануваат. Ваквиот опишат момент е познат како момент на замрзнување на чекорот при движење и може да потрае помеѓу неколку секунди и неколку минути. Во тој краток временски период може да се случи лицето да изгуби рамнотежа и да падне.

Меѓутоа, истражувањето претходно докажало дека, доколку лицето со вакво нарушување има нешто на кое треба да се фокусира, како што е пукнатина врз бетонот или нешто слично , може да дојде до кршење на тој момент, замрзнување и до момент кога лицето продолжува нормално да се движи.

Бидејќи не е реално да се очекува дека секогаш ќе има некои пукнатини на патот, или нешто слично на што лицето ќе се фокусира, тука на сцената настапуваат споменатите чевли со вградени ласери.

Ласерите светат неколку сантиметри пред заболеното лице и му помагаат да се фокусира на тоа место со цел да го направи следниот чекор и да продолжи нормално да се движи. Кога лицето се движи ласерите не светат, но кога ќе застане веднаш се вклучуваат.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.