Рускиот „Бургер Кинг“ креираше сопствена криптовалута

СПОДЕЛИ

Руската подружница на светски познатиот ланец за брза храна „Burger King“ покрена нов програм за лојалност кој се базира на модерната и се поактуелна  „blockchain“ технологија.

Верните посетители на Бургер Кинг за својата лојалност ќе бидат наградувани со „Whoppercoin“ криптовалутата која името го добила од популарниот „Whooper“ сендвич на Бургер Кинг.

За секоја потрошена рубља во руските подружници на Бургер Кинг корисниците кои ќе земат учество во оваа програма ќе добијат по еден Whoppercoin на својата сметка.

Со собраните коинти корисниците покрај тоа што ќе можат да тргуваат на берза ќе можат и да ги искористат при шопинг во Бургер Кинг. Пример еден сендвич ќе чини 1700 коинти.

 

Дискусија

Коментари