Се сеќавате ли на фустанот од 2015та година? Пред две години интернетот полуде поради една фотографија на фустан, кој сите кои го видоа ги поделија мислењата во две групи, едни велеа дека фустанот е црно-син, а другите златно-бел.
Тогаш порталите пишуваа дека главната причина за впечатокот е нашиот мозок, кој автоматски врши корекција на боите според осветлувањето. Некои луѓе го гледаа каков што е, а други се потпираа на осветлувањето, па тврдеа дека е златнен, светло син и бел.
Новото истражување, објавено во списанието Journal of Vision, се обиде да понуди објаснување на прашањето, зошто некои луѓе се водат според корегирање на светлината, а други не.
Истражувањето покажало дека корекцијата има врска со тоа колку ние сме биле изложени на сонце. Лицата кои порано се будат, почесто гледаат бело и златно, додека спанковците често гледаат темно сино и црно.
– Покажавме дека претпоставката за осветлувањето на фустанот, било дали тој е осветлен или е во сенка, силно влијае врз толкувањето на набљудувачот. Демографските фактори, како возраста и полот, биле помалку релевантни показатели, вели Pascal Wallisch од Универзитетот во Њу Јорк.
Во истражувањето се користени двете анкети во кои учествуваа вкупно 13.417 лица кои одговориле на прашањето која боја ја гледаат, и други бројни детали. Кога научниците го испитале поголемиот дел од факторите, не пронашле причина зошто некои гледаат една боја, а други друга, додека не ги зеле во предвид навиките во спиењето кај истите кои дале мислење.
Излегува дека оние кои се будат порано, во дури 11 отсто од случаевите, почесто го гледаат фустанот како бел и златен, отколку оние кои спијат до покасно. Во друга анкета, разликата пораснала за 40 отсто.