Секогаш перете ја новата облека!

Процесот од производството на материјалот, па сѐ додека излезе од продавница како парче облека е многу долг и поминал низ многу раце – а да не споменуваме колку луѓе ја пробале облеката пред да се продаде.
„Вошките и заразните болести може да се пренесат преку облеката“, вели доктор Доналд Белсито, дерматолог од Универзитетот Колумбија, за „Wall Street Journal“, па затоа е задолжително облеката да се испере барем еднаш, а понекогаш и два пати пред да се облече.

Сепак, можеби главната причина зошто облеката треба да се испере пред да се облече се боите и формалдехидните смоли што се користат во производството на облеката.

„Најмногу треба да се внимава на азо-анилинските бои кои се користат за боење на синтетичките материјали, како и на уреа формалдехидот, што се наоѓа во сѐ што не се тутка. Кај оние што се алергични може да предивика тешки алергии, додека кај останатите може да предивика иритации“- вели  Хајди Мичел за „WSJ Live“

Не само што е важно новата облека да се испере, многу е важно и облеката редовно да се пере откако ќе ја носите.

Модниот советник Стејси Лондон, откако направи тестирање на еден пар фармерки  на Андерсон Купер од  „CNN“ (кој јавно изјави во 2012 г. дека фармерките ги пере на секои четири до шест месеци) заклучи дека фармерките претставуваат „биолошка опасност“. Погледнете го видеото.


Поддржете ја нашата работа: