Шесте најубави соларни фарми во светот

Иднината несомнено им припаѓа на обновливите извори на енергија. Неколку тимови од истражувачи ширум светот покажаа дека за само неколку децении целиот свет може да биде блиску до целосно ослободување од фосилните горива. Ви ги претставуваме шесте најубави соларни фарми во светот:

 

 

 

 

 

 

 

1. Соларната фарма на Дизни во Флорида

1Во моментов сѐ уште во фаза на изградба, сместена во близина на ресортот „Walt Disney World“, оваа фарма содржи 48.000 соларни панели совршено наредени во форма на главата на дизниевиот лик – Мики Маус.

Како што известува “Mashable“, соларната фарма на Дизни, која би требало да почне со работа оваа пролет, ќе го снабдува со енергија „Walt Disney World“ и блиската област „Reedy Creek“.

2. Соларната фарма на аеродромот Чатануга во Тенеси

2Лоцирана е во југозападниот дел на аеродромот Чатануга во Тенеси, кој не се користи за воздухопловни цели. Овој огромен соларен комплекс е спој од две соларни фарми: Фаза1, која се состои од 3.948 соларни панели со по 60 ќелии, што генерира 225 вати од панел и Фаза 2 со 3.542 панели со по 72 ќелии, што генерира 310 вати од панел.

Двете фази заедно, според извештаите обезбедуваат приближно 85 проценти од енергетските потреби на аеродромот.

3. Соларните термоелектрани 10 и 20 во Шпанија

3Лоцирани се во Санлукар ла Мајор во Шпанија и пред да биде вклучена соларната електрана Иванпах во Калифорнија во 2014 година, важеше за најмоќна соларна електрана во светот. Шпанската 20 мегаватна соларна електрана беше завршена во 2009 и има капацитет за напојување на 10.000 домови.

Се простира на површина од околу 850 000 м2, има 1.255 огледала кои ја концентрираат сончевата светлина на приемникот поставен на централната кула. Водата се испумпува во 180-метарските структури и преку приемниот уред врие до испарување. Водената пареа се користи за движење на турбините за производство на струја.

4. Фотоволтаичната станица Топаз во Калифорнија

4Кога ќе се погледне одозгора изгледа како убаво наредени коцки од некоја ретро видео игра, но соларната фарма Топаз, која покрива дел од рамнината Каризо во Калифорнија, претставува многу сериозен бизнис. Составена од 9 милиони соларни модули од  кадмиум телурид кои се простираат на површина од 25,6  километри квадратни, ова е една од најголемите соларни станици во светот. Кога работи со полн капацитет, оваа 550-мегаватна централа може да произведе доволно енергија за потребите на 180.000 домови.

5. Проектот за соларна енергија „Crescent Dunes“ во Невада

5Иако импресивен и со футуристички изглед, овој гигантски објект лоциран во пустината во непосредна  близина на Лас Вегас, го следеле  одредени контроверзи. Завршен во декември 2014 години, овој проект станал главна вест во Фебруари 2015 година кога од силната топлина при иницијалното тестирање, во воздухот биле „стопени“ најмалку 130 птици.

За среќа, истражувачите на овој објект го решиле проблемот. Со својот изглед, објектот заслужува почит.

6. „2 MW“  Срцето на Нова Каледонија

6Ова би можело да биде најубавата соларна фарма, но срцето сѐ уште не е изградено. Таканареченто „Срце на Нова Каледонија“ се гради на најголемиот остров на Нова Каледонија, а кога ќе биде завршено се очекува неговите 7888 панели да обезбедат енергија за 750 домови. За 25 години колку што е предвидено да работи, ќе овозможи значително намалување на емисијата на јаглероден диоксид. Проектот наводно требало да биде завршен минатата година, но веќе подолго време нема нови известувања, па можно е тој засега да е ставен во мирување.

Поддржете ја нашата работа: