Школките во вашата чинија се пластични!

Научниците пронашле микропластика во школките од Северниот пол па се до Кина, што укажува на глобалното ниво на загадување во морињата и океаните со пластика, која може лесно да заврши во вашата чинија.

Школките од привидно совршено чистите арктички води, според истражувањето, објавено од страна на Норвешкиот Институт за испитување на квалитетот на водата (NIVA), содржат најмногу пластика за разлика од било кои други тестирани плодови по должината на норвешкиот брег.

“Пластиката на север можеби ја носат океанските струи и ветришта од Европа и Америка, и на крајот таа кружи по Северниот Леден Океан. Микропластиката е пронајдена во секоја школка, која научниците ја тестирале” вели Ејми Лашер, научник од NIVA.

Претходните истражувања открија микропластика во водите по должината на цела Кина, Чиле, Канада, Велика Британија, Белгија и други. Во водите во Норвешка, школките содржат во просек 1,8 парчиња микропластика, која по дефиниција е помала од 5мм.

Минатата година, кинеските научници сугерираа дека школките би можеле да бидат глобален “биоиндикатор за микропластично загадување”, бидејќи тие живеат на дното на морето, каде што завршува добар дел од пластиката, и за разлика од рибите, школките не се движат.

Влијанието на микропластиката врз морските животни или луѓето сé уште не е утврдено со сигурност. Научниците веруваат дека луѓето треба да изедат голема количина на школки за да се изложат на ризик.

“Ова е предупредување кое алармантно сугерира дека треба да превземеме било какви квалитетни мерки за да го намалиме фрлањето на отпадна пластика во океаните. Во овој момент, ова е повеќе причина за загриженост отколку за надеж за подобро утре, кога се работи за исхраната која ја конзумира човекот”, вели Ричард Томсон, експерт за микробиологија при Универзитетот во Плимут.

Поддржете ја нашата работа: