Шкрпењето повеќе ги оштетува забите од џвакањето

Вашите горни и долни заби треба да се исполнуваат единствено кога јадете, но секој втор човек повремено шкрипи со забите, а секој петти тоа го прави редовно, велат стоматолозите.

Некои луѓе шкрипат со забите во сон, што се нарекува бруксизам, а други несвесно во текот на денот.

Во секој случај, таквата навика создава притисок на забите, доста поголем од притисокот во текот на џвакање.

“Притисокот може да биде и до 600 килограми по квадратен сантиметар”, вели Дитмар Естерајх, потпретседател на Здружението на стоматолози во Германија (BZAEK).

Тоа не е штетно само за забите, туку може да ги оштети секачите и умниците, а исто така и површината на катниците и премоларите.

“Со тоа се губи тврдото ткиво на забите и тие го губат изворниот облик”, вели Естерајх. Тоа значи дека тие ќе почнат да реагираат на студено и топло. Делови од забите можат да се скршат, а коронките и пломбите отпаѓаат.

Многу од оние кои страдаат од бруксизам, веќе следното утро ги забележуваат последиците.

“Дваесет до триесет проценти од пациентите ќе го почувствуваат ова во мастикаторните мускули, вилицата ќе им биде вкочанета, и ќе слушнат звук на кликнување кога ќе ја отворат устата”, објаснува Естерајх

“Болката може да се прошири на вратот, а кај некои лица дури може да се развие главоболка, особено во слепоочниците”, додава психотерапевтот Мајкл Преибах.

Болката може да отиде подалеку со масажа на џвакалните мускули и топли облоги, а помага и прозевањето бидејќи ги опушта мускулите, но сето тоа ги ублажува симптомите, но не ја лекува причината, која најчесто е стрес.

Затоа лицата кои шкрипат со забите најпрво треба да установат зошто се под стрес, па потоа да пробаат да го намалат шкрипењето со некој метод на релаксација, а понекогаш е потребна и професионална помош.

Поддржете ја нашата работа: