Лекарите не се сосема сигурни што всушност предизвикува мигрена, ужасна главоболка, која е често придружена со гадење, повраќање и чувствителност на светлина и звук. Еден од седум возрасни лица имаат мигрена и за неа не постои добар лек. Научниците во неодамнешна спроведена анкета пронашле интересна врска, која може да им помогне во иднина за подобро разбирање на овој тип на главоболка.
Во списанието Neurology, се вели дека луѓето кои имаат прекумерна тежина, имаат тенденција да имаат мигрена. Низ анализа на резултатите од 12 студии направени на околу 300.000 учесници, се покажа дека дебелите луѓе со индекс на телесна маса поголема од 30, имаат 27 проценти поголема веројатност да страдаат од мигрена за разлика од луѓето со нормална тежина.
Студијата сепак не потврдува дека прекумерната тежина е клучна причина за појава на мигрена.
Се претпоставува дека масното ткиво кое лачи широк спектар на хемикалии во телото, може да има голема улога во развојот на мигрена. Дебелината е поврзана со зголемување на воспаленија што може да придонесе за болка и болни нарушувања, се вели во MedPage Today. Не е познато дали губењето на тежината или враќање на нормална тежина може да ја олесни мигрената, велат истражувачите.
Тие сметаат дека потребни повеќе истражувања за да се потврди и објасни како губењето на тежината влијае на главоболката. Доколку имате главоболки кои траат неколку дена или забележите промена во начинот на кој имате главоболка, пожелно е да се обратите на лекар.