Лошиот здив наутро е прилично честа појава со оглед на процесите што се одвиваат во устата преку ноќта.
Здивот наутро и плунката
Според Академијата за општа стомтологија, скоро 80 милиони Американци постојано имаат лош здив, додека кај милиони лица, појавата на лош здив е вообичаена наутро или после јадење на зачинета храна. Луѓето кои имаат сува уста, како последица од земање на одредени лекови и оние кои дишат на уста, повеќе се склони кон лош здив наутро. Се разбира и луѓето со лоша орална хигиена почесто имаат лош здив од оние со добра орална хигиена.
Лошиот здив наутро, најчесто се припишува на недостатокот на плунка, бидејќи создавањето на плунка во текот на ноќта се намалува. Плунката е главниот фактор за отстранување на деловите од храната кои инаку би се задржувале и би биле добра подлога за развој на бактерии. Со намалувањето на плунката се зголемува сувоста во устата што овозможува бактериите да се разможуваат и да создаваат испарливи сулфурни компоненти кои се причина за непријатната мизризба во устата.
Утринскиот здив и начинот на кој спиете
Начинот на кој спиете влијае на интензитетот на непријатниот утрински здив и колку често се јавува. Грчењето и дишењето преку уста допринесува устата да стане посува што им овозможува на бактериите да се размножуваат. Во суштина, сите состојби што доведуваат до намалување на плунката во устата, ја намалуваат и способноста на устата да се бори против бактериите кои се причина за непријатниот здив.
Непријатниот здив и здравјето
Бактериите што ја предизвикуваат непријатната миризба во устата може да имаат импликации и во неколку други здравствени состојби. Тоа се секундарни последици од денталните компликации. Вообичаено, прва причина за непријатен здив во устата се проблемите со периодонтот, како гингивитот и периодонтитот, за кои е докажано дека можат да имаат улога и во појавата на срцеви заболувања и мозочен удар.
Ова укажува дека оралното здравје е силно поврзано со општата здравствена состојба на телото. Токсините што се ослободуваат од бактериите во устата, можат да навлезат во крвотокот и да предизвикаат штети во други делови од телото и се поврзани, меѓудругото и со кардиовасуларните болести, рак во устата и Алцхајмер.
Превенција на утринскиот лош здив
Иако не постои сигурна и потполна превенција на лошиот здив наутро, сепак постојат некоку работи што може да ги направите, а кои влијаат на неговото намалување. Четкањето на забите, употребата на конец за заби, чистењето на јазикот пред легнување, ќе помогне да се исчисти устата и да се ослободите од остатоците од храна, така што бактериите ќе имаат помалку „храна“ за да се развиваат.
Има неколку едноставни начини за да утврдите дали имате непријатен мирис во устата. Можете да го погледнете задниот дел на јазикот со огледалце и ако јазикот е розев и светол, тоа укажува дека имате свеж здив. Но, ако јазикот е обложен со дебел бел слој, многу е веројатно дека имате лош здив. Друг начин е да го лизнете рачниот зглоб (се разбира чист), да оставите неколку секунди да се осуши и потоа да го помирисате. Ако почувствувате миризба, тоа е знак дека имате непријатен здив. Јазикот може едноставно да го очистите со тоа што ќе го „изрибате“ со мека четка за заби или нежно да го поминете со ивицата од лажица. Со тоа ќе спречите јазикот да претставува засолниште за бактериите.
Овие начини секако не треба да бидат замена за посета на вашиот стоматолог, кој со едноставен и брз тест ќе утврди дали имате лош здив и кои се причините за тоа.