Откриен најцврстиот биолошки материјал на планетата?

Заборавете  на пајаковата мрежа. Забите на вид мали морски полжави се најсилниот  биолошки материјал некогаш откриен и може да се користи за изградба на автомобили, бродови и авиони на иднината.. И нивната вистинска сила може да стане основа за новата генерација на речиси некршливи вештачки заби, според истражувачите од Универзитетот во Портсмут.

Детали за серијата на експерименти, објавени во списанието „Royal Society journal Interface“ денес, откриваат дека јачината на забите е највисока досега и споределива со вештачките влакна од јаглерод.

Овие видови се наоѓаат во околните мориња на Британија и низ Западна Европа.

Забите се толку цврсти, што била употребена дијамантска пила за  да ги исечат на мали парчиња, кои потоа биле бомбардирани со атоми од јонски сноп, за дополнително да се намалат. Ширината на добиените примероци била 100 пати помала од дијаметарот на човечкото влакно.

Тие биле подложени на низа тестови кои вклучуваат специјални машини за да се види колку стрес може да поднесат пред  да достигнат точка на пропаѓање.

Јачината на забите е, во просек, 4,9 GPа (гигапаскали). Вториот најсилен материјал е пајаковата свила со јачина до околу 4 Gpa, па следи бамбусот со речиси 1 GPа. Коските и човечки заби сe 0,7 и 0,5Gpa.

Научниците веруваат дека материјалот може да се користи во високата технологија, како и за изработка на тркачки автомобили.

Следната фаза е 3Д печатење, со цел да се проверат потенцијалите за изработка на супер вештачки заби од овој материјал.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: