Еден од најпознатите британскиот лидери „Винстон Черчил“ верувал во постоењето на вонземјаните, ова е откриено во еден од неговите есеи напишани пред Втората светска војна, пренесува BBC.
“Јас не сум толку импресиониран од успесите на нашата цивилизација за да можам да верувам дека ние сме единствената точка во овој огромен универзум на која се наоѓаат живи и разумни суштества”, пишува во досега неоткриениот есеј на Черчил
Списанието “Nature” наведува дека Черчил го напишал ова многу години пред да бидат откриени егзопланетите.
Есејот е напишан во 1939 година, а астрофизичарот Марио Ливио кој прв го прочитал вели дека во него јасно се гледа „логиката на научник”
Не се работи за никаква теорија на заговор него едноставно логичарот Черчил познавајќи доволно факти за космосот, верувал дека е невозможно да сме ние единствените интелегентни суштества во вселената.
Единствено е чудно зошто овој негов есеј се појавува дури сега после 80 години
Повеќе во видеото и на следниов линк