Што треба да знаете ако чувате риби во аквариум?

Претходно научниците тврдеа дека мозокот на рибите од аквариум е многу мал и едноставен, па рибите немаат емоции. Најновите истражувања кој ги спроведе проф. Руи Оливеира од Универзитетот ИСПА во Лисабон, го побива овој мит.

Истражувањето покажало дека рибите, се животни кои можат да чувствуваат, создаваат пријателства, и секоја од нив има своја изградена личност. Тие се социјални животни како луѓето и останатите цицачи. Истражувањето е спроведено на зебра-риби, азиски риби со зебрести шари кои ги красат аквариумите на многу домови.

“Луѓето кои одбиваат да јадат месо од морални причини, но јадат риба, како и оние кои чуваат риби како домашни миленици, тоа мора да го знаат”, вели Д-р Пени Хокинс, раководител на истражувањата на RSPCA. Со проучување на однесувањето на зебра-рибите, научниците откриле дека нивниот живот во заедница им дава чувство на сигурност, и така во голем број помалку се плашат да се соочат со опасности.

Д-р. Пени Хоконс вели дека се надева дека ова истражување им помогнало на луѓето да не гледаат на рибите како животни од понизок вид. “Доколку мислите дека тоа е во ред да се јаде животни, треба да се размислува за она што го правиме”, вели таа, додавајќи дека рибите имаат чувства и искуства. На прашањето, дали смета дека рибите создаваат пријателства вели, дека се зависи од тоа како го дефинираме пријателството.

“Пријателството меѓу две риби, нема да биде идентично со човечкото пријателство. Но, ако се дефинира пријателство како однос помеѓу две индивидуи кои меѓусебно се познаваат и присуството на другите им носи позитивни емоции, тогаш тоа е пријателство помеѓу риби”, вели таа.

“Риба не се само декорација или предмети со кои луѓето може да си играат, тие се поединци кои имаат чувства. Има многу истражувања поврзани со личноста на рибите. Некои риби се директни, некои се срамежливи. Многу повеќе се случува во аквариумот отколку што мислат луѓето “, вели Хокинс.

Поддржете ја нашата работа: