Што се случува со човековите гени во Вселената?

Expedition 45/46 Commander, Astronaut Scott Kelly along with his brother, former Astronaut Mark Kelly speak to news media outlets about Scott Kelly's 1-year mission aboard the International Space Station. Photo Date: January 19, 2015. Location: Building 2. Photographer: Robert Markowitz

Новите, прелиминарни резултати од истражувањето на НАСА со близнаци, велат дека престојот во Вселената ја зголемува ДНК метилацијата, која е одговорна за „вклучување“ и „исклучување“ на гените. Овие откритија се корисни за детерминирање на механизмите на клеточните процеси како и влијанието на престојот во Вселената врз човечкото тело.

Според главниот истражувач, д-р Крис Мејсон, генетската експресија драстично се менува веднаш при влезот во Вселената и тоа на ниво на илјадници гени, со продолжување на оваа состојба одреден период по враќањето на Земјата.

Уникатниот експеримент е изведен со помош на Марк и Скот Кели, кои се близнаци и  астронаути во НАСА. Скот Кели низ 2015 и 2016 помина 11 месеци во Вселената, додека на неговиот брат на Земјата му била доделана улогата на контролен примерок од НАСА.

Иако целосната студија сè уште не е објавена, некои од откритијата се веќе достапни. Во еден од овие трудови истражувачите велат дека теломерите на Скот Кели се издолжиле за време на неговиот престој во Вселената, во споредба со оние на Марк. Ова е спротивно на она што се очекувало. Спроед Мејсон ова истражување представува еден од најсеопфатните прегледи на човечката биологија и ги поставува темелите за разбриање на молекуларните ризици при вселенските патувања како и начините за нивна потенцијална превенција и поправка.

Истражувањето се фокусира на четири главни аспекти од човечката биологија: влијанието на микрогравитацијата врз физиологијата, промените во перцепцијата и расудувањето, влијанието на престојот во Вселената врз човечката микрофлора и генетските разлики меѓу Скот и Марк.

Оваа студија е дел од програмата за човечки истражувања на НАСА, која се фокусира на развој на најдобрата технологија за обезбедување на што побезбедни услови за престој во Вселената.

Извор: astronomija.mk

Во соработка со:

 

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt