Слетување на мини-Фалкон ракета на платформа во базен

Она што клучно треба да го постигне ракетата Фалкон 9 на „SpaceX“ е всушност нејзино правилно приземјување. Оваа ракета има задача да носи предмети во вселената, а потоа да се врати на Земјата и притоа да слета на платформа која се наоѓа на водена површина.

Додека вистинската ракета имаше свои успеси и неуспеси, оваа минијатурна ракета, креирана од еден корисник на „youtube“ функционира прилично добро.

Во што е тајната? Погледнете подобро! Всушност, ова е дрон!

На долгото, цилиндрично тело на ракетата има прицврстено квадрокоптер. Минатата година „ajw1185“ креирал друга неверојатно мала летачка машина со тоа што ја претворил играчката „Star Wars Landspeeder“ во летачка машина со делови од квадрокоптер. Системот не функционирал во најдобар ред, па затоа не се очекува вистинската ракета Фалкон 9 да ги замени своите ретро ракети со пропелери.

enauka.mk
9,248наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.