Какво би било слетувањето на Плутон ?
НАСА креираше филм направен од преку 100 слики со висока резолуција што ги направи нивното летало „New Horizons“ кое прелета покрај Плутон во летото 2015 година.
Видеото нуди „патување“ кон површината на Плутон , започнува со далечен поглед на Плутон и неговата најголема месечина „Charon“ и завршува на брегот на местото наречено „Sputnik Planitia“
Плутон беше откриен од страна на Клајд В. Томбо на 18 февруари 1930 година. Во тоа време, тоа беше најмалата и најодалечената планета откриена дотогаш. Масата на Плутон изнесува 1,31×1022 кг. и иако можеби се чини многу, тоа е всушност само 1/500 од масата на Земјата. Најголемиот дел од површината на Плутон е мраз и камења, и потребни му се околу 248 години за да ја исполни својата орбита околу Сонцето.
Во споредба со другите планети, неговата орбита е многу ексцентрична, па така во период од 20 години, со неговата 248-годишна орбита, Плутон се наоѓа поблиску до Сонцето од Нептун. Ова последен пат се случи во јануари 1979 година кога Плутон ја премина и остана во орбитата на Нептун до февруари 1999 година. Вакво нешто нема повторно да се случи пред 2226 година.
Со се’ поголемиот напредок на науката и технологијата, научниците открија и други небесни тела слични на Плутон, кои исто така се изградени од мраз и камења. Ова на некој начин претставуваше проблем за Плутон, бидејќи стана само уште еден член од колекцијата на големи објекти во Кајперовиот појас.