Слонот никогаш не го заборава убодот од пчела

Слонот е фасцинантно животно, а слоновската меморија е фраза која сведочи за неговата интелигенција. Уште еден интересен факт од оваа област е дека слонот никогаш не го заборава убодот од пчела.

Овие гигантски гиганти имаат меки ткива во сурлата која е особено чувствителен дел од телото за таквите болните убоди. Поради ова, научниците веруваат дека африканските слонови со текот на времето научиле добро да ги препознаат мирисите кои пчелите ги ослободуваат кога се уплашени и подготвени да нападнат.

Сега се смета дека тој слоновски страв од пчели може добро да се искористи за да им се помогне на овие животни најпрво да избегнат конфликти со луѓето.

Имено, во тромесечниот тест, спроведен во националниот парк Кругер, научниците обесиле чорапи кои биле наполнети со посебен хормонски мирис од пчели наречен феромони. Овој мирис пчелите го испуштаат кога ќе почувствуваат закана од околината.

На чорапите им се доближиле вкупно 29 слонови, а 25 од нив покажале типични знаци на вознемиреност и несигурност, при што мирно се оддалечиле – пишува во стручното списание Current Biology.

“Се надеваме дека нашата работа ќе помогне да се развијат некои дополнителни опции за одржливо, пасивно намалување на ризикот од конфронтација меѓу луѓето и слоновите”, вели Марк Рајт, професор по ентомологија од Хавајскиот универзитет Маноа, и главен автор на студијата.

Дискусија

Коментари