Снимка што ретко се гледа – „седмокрак “ октопод како јаде медуза

Биолозите Хенк-Јан Ховинг од Центарот за окенаски истражувања „GEOMAR Helmholc” во Кил и Стив Хедок од Истражувачкит аквариумски интитут „Monterey Bay“, успеале да направат едни од ретките снимки на- популарно наречениот „седмокрак октопод“.

Имено, овој мистериозен октопод, со официјално име „Haliphron atlanticus“, во последните 27 години е забележен само три пати.

За неговиот живот и  начин на исхрана, многу малку било познато сѐ до 2013 година, кога Ховинг и Хедок забележеле огромна возрасна женка како плива со уловена медуза помеѓу нејзините краци.

Женките може да достигнат должина и до 4 метри и тежина до 75 килограми.

Погледнете ја снимката

Поддржете ја нашата работа: