Од магла до вода за пиење

Истиот облак кој не претставува магла во понискa област може да биде магла онаму каде што се допира со повисоки области како што се врвови на ридови или планински гребени. Маглата се дефинира како облак кој ја намалува видливоста на помалку од 1 километар. Маглата, всушност, претставува кондензирана (згусната) водна пареа во вид на микроскопски капки (а при температура под 0 °С ледени кристали) во приземниот воздушен слој (тропосферата). Според потеклото маглите се класифицираат во три основни групи: магли на оладување (радиациони), магли на испарување (морски, езерски, над влажни терени), и смог.

Масаи народот во Кенија е познат по својот номадски стил на живот. Меѓутоа, се соочуваат со недостаток на вода и добитокот умира. Во селото Кисеријан (анг. Kiserian) мештаните прифаќаат нова технологија за снабдување со вода која досега има значајни резултати.

Имено, професорот Бенси Мати (анг. Bancy Mati) од Универзитетот за земјоделство и технологија  Џомо Кенијата (анг. Jommo Kenyatta University of Agriculture and Technology) развил уред наречен „собирач на магла”.

Собирачите на  магла изгледааат како висока мрежа  прицврстена меѓу двата краеви. Мрежата е изработена од полипропилен или полиетилен, особено ефикасен за изолирање и фаќање капки вода. Кога има магла, ситни капки вода се задржуваат во мрежата.  Добрата вест е дека овој уред е корисен и за собирање на дождовница.

Собирачите на магла иако изгледаат многу примитивно сепак тие сега за сега представуваат можеби единствено решение за милиони луѓе во руралните области на неразвиените земји

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt