Соларни панели кои генерираат енергија и кога врне

Соларната енергија полека се пробива како сигурен обновлив извор на енергија, но се’ уште има многу неискористен потенцијал во однос на ефикасноста на фотоволтаичните ќелии , како и она што се случува навечер, или за време на лоши временски услови.

Сега, научниците предложија ново решение за производство на енергија од капки дожд.

Клучот за новиот процес на производство на енергија е графенот – чудесниот материјал за кој досега слушнавме многу.

Поради тоа што капките дожд не се составени од чиста вода и содржат разни соли кои се делат на позитивни и негативни јони, научниците од еден универзитет во Кина сметаат дека може да се произведе електрична енергија преку едноставна хемиска реакција. Тие сакаат да искористат листови од графен за да ги разделат позитивните јони во капките (вклучувајќи натриум, калциум и амониум) и притоа да произведат енергија.

Првичните тестови, при кои користеле малку солена вода за да ги симулираат капките дожд, биле ветувачки. Научниците успеале да генерираат стотици микроволти и да постигнат солидна ефикасност од 6,53% при претворањето на соларната енергија во електрична.

Иако овој екперимент треба да послужи само како доказ за концептот и се’ уште има многу работа за да се заврши, научниците се надеваат дека ќе придонесе за растечкото влијание на обновливите извори на енергија.

Во моментов работат на приилагодување на технологијата на вистинските капки дожд, како и пронаоѓање на начин да се произведе доволно енергија од најчесто многу малото количество на капки.

Истражувањето е објавено во „Angewandte Chemie“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.