“Сони” најавува производство на грамофонски плочи по 28 годишна пауза

Поради зголемувањето на побарувачката, компанијата “Сони” најави рестартирање на производството на грамофонски плочи. “Сони”, кон крајот на осумдесеттите години се откажа од нивното производство, но винилите се враќаат на сцената со уште подобар стил.

Враќањето на плочите е најавено за март, идната година. Моментално од компанијата се во потрага по експерти и стари инженери кои би можеле да управуваат со производство на винилот.

Побарувачката на грамофонски плочи во последните десеттина години е во постојан пораст, но плочите сеуште се прават во ограничен број, како додаток на ЦД или дигитална верзија, најмногу поради колекционерите.

Кога се работи за зголемениот пораст на продажба на плочи треба да се спомене дека голем удел во растот имаше последниот албум на Дејвид Боуви “Black Star”, издаден два дена после неговата смрт. По смртта на Боуви зголемена е побарувачката за грамофонски плочи а неговите албуми се најпродавани во 2016 година, во Велика Британија.

 

Поддржете ја нашата работа: