Стар изгубен храм пронајден во Кина

Археолозите во кинескиот град Ченгду го пронашле одамна изгубениот храм Фуган. Поради војните претрпел сериозни оштетувања и исчезнал во 1279 година за време на династијата Сунг.

Научниците од Институтот Chengdu Cultural Relic Research ги откриле темелите на храмот, остатоци од градбите кои го опкружувале, бунари и канали. Научникот Ји Ли вели: “Иако откопавме само дел од областа на која се наоѓа храмот, уште сега можеме да видиме дека истиот некогаш бил прекрасен.”

Ова важно археолошко откритие предизвика голем интерес за јавноста и научниците бидејќи се мислеше дека одамна е исчезнат. Фуган некогаш бил будистички храм и во него се откриени голем број вредни предмети.

Археолозите околу храмот пронашле околу 80 гробници за кои се верува дека се изградени околу 1600. – 256. година пред Христа. Пронајден е и алат, градежен материјал од времето на династијата Сонг и Минг од 960.-1279. и 1368. – 1644. Откриени се преку 1000 плочи на кои се врежани будистички натписи, и повеќе од 500 камени скулптури.

Зборот фуган, значи да се почувствува благословот и е избран за име на храмот, откако познатиот свештеник Daoxuan од династијата Танг молел за дожд пред храмот за време на големата суша, а неговите молитви биле исполнети.

Храмот бил оштетен за време на војната, а исчезнал пред повеќе од 1000 години. Научниците се надеваат дека откритието ќе им помогне за да се разбере начинот на кој будизмот се ширел во Кина во тоа време.





Поддржете ја нашата работа: