Социјалните мрежи ќе ги плаќаат нашите објави?

До 31 март годинава, Фејсбук има 10,082 вработени. Но, наспроти трошоците за вработените, социјалната мрежа има остварени приходи од 12,46 милијарди долари само во 2015 година и 1,23 милијарди корисници кои креираат содржини за кои не се платени.

Речиси сите големи социјални мрежи – Линкедин, Твитер , Инстаграм, се базираат на слободно генерирање на содржини од страна на корисниците. Сега, сет на нови мрежи се закануваат дека ќе ја нарушат социјалната економија со ветување дека ќе го споделат богатството со нивните корисници.

Меѓу најпознатите е „Tsu“ која започна во октомври 2014 година со фонд од 7.000.000, која има договор за споделување на приходите со своите корисници. Задржува 10 % од приходите од рекламите кои ги регенерира, а останатото го споделува со корисниците. Досега, „Тsu“ има два милиони корисници.

Потоа, тука е „Bubblews“, социјален блогерски сајт основан од Арвинд Диксит и Џејсон Зукари. Корисниците добиваат надоместок за секоја посета, лајк и коментар. Иако, се разбира, работите не се толку едноставни. Плаќањето се базира на тоа колку вашата активност потикнува некој друг вид на мрежна активност на сајтот. „Bubblers“, како што се нарекуваат корисниците на „ Bubblews“, треба да добијат 5000 лајкови на нивните постови (вкупно) за да учествуваат во поделбата на приходите.

Исто така постои и „Bonzo Ме“ на хирургот Мајкл Нисбум кој споделува 80 проценти од приходите од популарните реклами.

Додека „Tsu“, „Bubblews“ и „Bonzo Ме“ плаќаат во конвенционалните валути, постои друга социјална мрежа „ BitLanders“ која ги плаќа корисниците во крипто валута Заработувате „Bitcoins“ и кога вашите приходи ќе достигнат 10$, можете да ги користите за пазарење со „PayPal“.

Сите овие сајтови се интересни експерименти. Но, за експериментот да биде успешен, базата на корисници треба да биде доволно голема за да постои интерес за рекламирање. „Tsu“ се чини дека направија напредок со привлекување на неколку славни личности. Исто така, фактот дека за само 5 недели достигна бројка од 1 милион корисници, говори дека сајтот е интересен за луѓето.

Значи, луѓето навистина заработуваат на овој сајт? Ако ги тргнеме на страна славните, има дури и случај на бездомник кој нуди животни совети преку мали видеа и достигна 30.000 следбеници и доби надомест од сајтот.

Основачот на „Tsu“ Себастијан Собза  тврди дека платежниот систем, исто така, дава заштита на авторските права за креаторите на оригинални мислења.

Дали Фејсбук и другите мрежи сега се принудени да го следат примерот? Твитер и ФБ ќе бидат наградени – иако не од самата социјална мрежа, туку од страна на брендовите кои ги користат нивните услуги.

YouTube, сепак,започнува да го споделува богатството. Корисниците можат да се регистрираат за Програма за партнерство на YouTube и да заработи 55% од приходите од реклами на нивните постови, под услов  да имаат 75.000 часа прегледи во текот на три месеци.

Промените во интернет светот потсетуваат  на револуциите, кога марксистичките теории за поправична распределба на богатството прекинаа неколку економии. Во секој случај, останува да почекаме и да видиме.

Поддржете ја нашата работа: