„Space X“ успешно лансираше тајвански сателит ( Видео )

СПОДЕЛИ

Американската компанија SpaceX на познатиот  Илон Маск успеа успешно да лансира тајвански сателит притоа користејќи делумно рециклирана Фалкон 9 ракета.

„Рециклираниот“ Фалкон 9 успешно го однесе во орбита „Formosat-5“ – првиот сателит за надгледување на земјата кој беше целосно дизајниран и изработен во Тајван.

Успешното лансирање се изврши од Калифорниската воздухопловна база Вандерберг и истото е окарактеризирано како чекор поблизу кон поевтин свемирски транспорт на луѓе и материјали.

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ