„SpaceX“ се враќа во игра – успешно ја лансираше и призејми својата ракета за повеќекратна употреба

„SpaceX“ успешно ја лансираше својата ракета за повеќекратна употреба (Falcon 9) за прв пат оваа година, по неуспешниот обид на 1 септември 2016 година, кога при слетувањето ракетата експлодираше.

Научниците открија дека експлозијата била резултат на пукање на канистерот за хелиум во резервоарот за течен кислород во вториот дел, па „SpaceX“ го промени процесот на дополнување гориво за да се спречи вакво нешто во иднина и исто така го редизајнира канистерот за идните ракети.

Така, овој пат, целиот процес се одвивал без никакви проблеми и ракетата успешно распореди 10 сателити во орбитата на Земјата за телекомуникациската компанија Иридиум и успешно слета назад на брод во Тихиот Океан. Целосното лансирање може да го погледнете на видеото подолу, а самиот чин на слетување на следнава снимка.

SpaceXLanding

Фактот дека „SpaceX“ може да го направи ова значи дека ќе заштеди милиони долари и нема да има потреба да прави нови ракети секојпат кога ќе сака да лансира нешто во вселената.

 

 

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.