Спасена е Маша, 9 годишната мечка која својот живот го помина затворена во кафез

9-годишната Маша е сиријска кафеава мечка од семејството Евро-азиски кафеави мечки, која е спасна од заробеништво во кафез во кој го поминала целиот нејзин живот, позади еден ресторан во Ерменија. Светот околу себе го запознала низ решетки со премногу мал животен простор.

И покрај тоа што често испуштала жални крици од својот кафез, до сега никој не ја спасил, а се хранела со остатоци од храна кои понекогаш стигнувале до неа. Кога ја пронашле пожарникарите, ветеринар привремено ја успал за да можат безбедно да ја извлечат од таму.

Маша ја спасиле членови од британската организација International Animal Rescue (IAR), кои реагирале на повик од локалната асоцијација. Досега во Ерменија спасиле околу 30 мечки кои ја делеле судбината на Маша, и истакнуваат дека во Ерменија праксата од држење мечки во кафез е прилично популарна.

Портпаролот на IAR, Лиз Кеј за Daily Mail вели дека во оваа земја мечките ги држат затворени без некоја посебна причина.“Тие се затворени во многу лоши услови, немаат простор за движење и можат да јадат само нездрава храна, а најчесто се наоѓаат кај приватни “колекционери”. Некои од оние кои ги спасивме, ги пронајдовме врзани со синџири околу вратот”.

Освен Маша, спасена е и нејзината мајка која одсега ќе може да се дружи со другите спасени мечки кои се наоѓаат во засолниште. Видеото од спасувачката акција може да го погледнете тука.

Поддржете ја нашата работа: