Спектакуларна ерупција на вулканот Етна во Италија

Највисокиот активен вулкан во Европа, Етна, на 3-ти декември во 2.20 часот по полноќ еруптираше на спектакуларен начин, исполнувајќи го небото над Сицилија со пламен и џиновски облак од пепел.

Етна беше претежно тивок во текот на последниве две години, но во последниве неколку недели забележа зголемена вулканска активност што резултираше со драматична ерупција, проследена со специфичен метеоролошки феномен при кој се создава молња и кој може да го погледнете на видеото.

Снимката е направена од сицилијанскиот фотограф Марко Рестиво. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија во Италија, ова е кратка, но насилна ерупција која се класифицира како една од најнасилните ерупции на овој вулкан. Исфрлената лава достигна височини над 1 километар, иако некои вжештени делови достигнаа и до 3 километри над врвот на вулканот.

Освен затворање на најмалку еден аеродром и пепел над околните села, ерупцијата не предизвика никакви дополнителни штети.

Поддржете ја нашата работа: