Сперматозоидите користат „харпуни“ за да ја оплодат јајце-клетката

Овие наоди, што се резултат на 14-годишно истражување, се објавени во списанието „Andrology“.

Според истражувачите од Универзитетот во Вирџинија, сперматозоидите можат да формираат остри протеински нишки на нивната глава. Протеинот од кој се верува дека се формираат нишките (SLLP1), е веќе познат, и се наоѓа во структурите од главата на сперматозоидите. Точната улога што овие нишки ја имаат во процесот на оплодувањето не е доволно јасна, но се мисли дека помагаат сперматозоидот да навлезе во јајце-клетката.

Откритието е направено откако протеинот е фатен како статичен кристал. Овој кристал  потоа бил оладен на многу ниска температура, за да се спречи негова деградација и е озрачен со х-зраци. Според радијацијата измерена од х-зраците, научниците ја одредиле формата на овој протеин, што според 3Д-моделот претставен во студијата, има форма слична на цилиндер, со шуплива внатрешност.

Ова откритие може да им овозможи на научниците да добијат појасна слика за процесите што се одвиваат во текот на оплодувањето.

Поддржете ја нашата работа: