Starbucks ги повлекува пластичните цевчиња од употреба

Американската компанија Starbucks изјави дека ќе ги повлече сите пластичните цевчиња од нејзините продавници, како што вели поради намалување на пластичен отпад.

Нивната намера им е на повеќе од 28 000 локации да ги повлечат од употреба пластичните цевчиња. Од компанијата тврдат дека таквиот потег ќе го намалат пластичниот отпад за повеќе од милијарда цевчиња – онолку колку отприлика трошат на годишно ниво, но компанијата ќе почне да користи “подигнати“ капачиња за полесно пиење.

Чашите за одредени кафиња, како фрапучиното, ќе вклучуваат хартиени цевчиња или цевчиња од разградлива пластика. Купувачите кои претпочитаат цевчиња за други пијалоци ќе може да побараат нови еколошки верзии.

Сепак се чини дека замената на пластични цевчиња со пластични капаци не е баш најдобро решение. Колин Чепмен, потпретседател на компанијата вели: “Во овој момент, најмногу што може да направиме за околината е да ги замениме пластичните цевки”.

Нејзината изјава е поддржана од невладини организации како Светскиот фонд за зачувување на природата и програмата за чисти океани.

Ваквиот потег на компанијата дојде на ред само една недела откако Градот Сиетл, каде и се наоѓа седиштето на Старбакс, стана првиот голем град во САД кој целосно ја забрани употребата на цевчиња за еднократна употреба и пластичен прибор за јадење, како во рестораните така и во баровите.

Поддржете ја нашата работа: