Стивен Хокинг против рестрикцијата на фондовите за надарените студенти со инвалидитет

73- годишниот професор ја изрази својата загриженост на настанот на кој се прославуваше неговата 50-годишнина како член на Колеџот „Gonville and Caius“ при Универзитетот во Кембриџ.

На настанот, тој го пофали колеџот и му се заблагодари што го поддржувал во текот на неговата болест, но исто така истакна дека се плаши дека еден млад амбициозен студент денес, кој се наоѓа во слична тешка здравствена состојба, не би ја добил истата поддршка. Светски познатиот автор и претходно ја изрази својата загриженост за намалување на буџетот од владата, наменет за научни истражувања.

Хокинг зборуваше за колеџот како дом, буквално и фигуративно, како дел од неговиот живот, како пресвртна точка која му овозможила да продолжи со истражувања и покрај неговиот инвалидитет кој постојано се зголемувал.

Потоа, Алан Фершт, директорот на колеџот, во својот говор истакна дека е сигурен дека младите студенти со слична состојба ќе ја добијат истата поддршка, барем конкретно од овој колеџ, бидејќи сите членови, вработени и студенти се дел од големото семејство на колеџот.

 

Поддржете ја нашата работа: