Студенилото на екстремитетите како симптом

Студени прсти на рацете и нозете се честа и сосема нормална појава кај жените, но сепак, никако не би требало да се игнорираат бидејќи може да претставуваат симптоми за некои многу посериозни болести и тоа:

Анемија

Покрај ладни раце и стопала, најчести знаци на анемија се замор и главоболки. Ако имате 2 од овие 3 знаци, проверете го железото во крвта. Недостатокот на кислород е главната причина за овој студ.

Дијабетес

Чувството на студ и трпнење на рацете и стопалата се едни од првите знаци на дијабетес.

Шеќерна болест или дијабетес (латdiabetes mellitus грч. διαβήτης) е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени хидратимасти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.

Дијабетесот има огромно влијание врз крвотокот и нервниот систем, па не би било лошо да си го проверите здравјето.

Проблеми со тироидната жлезда

Намалената функција на тироидата (штитната жлезда) може да го успори метаболизмот, а како последица на тоа да се јави и ова студенило во екстремитетите.

Во штитната жлезда се синтетизираат два основни хормонитироксин и тријодтиронин. За нивната синтеза се потребни големи количества на јод .

Кај возрасни луѓе, поради намаленото лачење на тироидните хормони, доаѓа до намалување на метаболизмот, намалување на телесната температура, груба и отечена кожа, забавени реакции, незаинтересираност итн.

Заморот, летаргичноста, поспаноста и успорениот говор, се уште некои од симптомите што ја следат оваа состојба.

Стрес

Стресот е најчеста причина за ова студенило. Стресот го зголемува излачувањето на адреналин што доведува до стегање на крвните садови. Со тоа се намалува и  циркулацијата.

Прва помош против студенилото на екстремитетите

Во вакви случаи добро би било да ги опуштите екстремитетите и нежно да ги протресете. За да го решите трајно овој проблем, би требало здраво да се храните и да бидете физички активни. Каква било физичка активност ќе биде од корист.

Поддржете ја нашата работа: