Хана Сатон, студентка од Тасманија, Австралија, е една од вкупно 26-те победници на „ BHP Billiton Science and Engineering Awards“.
Таа, со својот проект кој претставува потенцијален лек за Алцхајмеровата болест, победи во категоријата Истражувања.
Застапеноста на Алцхајмеровата болест е се’ поголема како во Австралија, така и во другите развиени земји, при што како што популацијата старее, така се исцрпуваат голем број од ресурсите за здравствена заштита.
Хана открила потенцијален лек и решение за оваа состојба преку користење на еден пептид – „Caerin 1.9“ – кој се наоѓа во жлездите во кожата на австралиската жаба од видот „Litoria chlorisко“, која живее на дрвјата.
Погледнете го следново видео каде таа го објаснува својот проект.
Досегашните истражувања покажале дека Алцхајмеровата болест е предизвикана од таложењето на амилоид бета (Aẞ) – протеин кој природно е застапен во телото. Хана со нејизниот проект покажува дека пептидот „Caerin 1.9“ од жабите може да го расчисти тој протеин, и притоа да ја спречи појавата на оваа болест.
Деталите за сите 26 победници може да ги прочитате на следниов линк.