Токио ќе субвенционира изградба на водородни бензински пумпи

„Би сакале најпрво да направиме модел (кој ќе користи водород) во Токио, во пресрет на распространувањето на национално ниво“, изјави Јоичи Масузое, гувернерот на Токио.

Владата на метрополата и централните власти ќе обезбедат субвенции од 400 милиони јени ( 2 700.000 евра ) од приближно 500-те милиони јени ( 3 400.000 евра ) потребни за изградба на секоја водородна пумпа.Владата исто така ќе ги субвенционира и возилата со водородни ќелии, со цел до 2025 година да го зголеми нивниот број на 100 000.

Токио го најави овој план откако компанијата „Toyota Motor Corp.“ објави дека ќе стане првиот произведувач на автомобили кој ќе продава возила со водородни ќелии. Возилото ќе биде во продажба од декември и ќе чини повеќе од 7 милиони јени ( 50.000 евра ).

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: