Toyota и Јапонската вселенска агенција ќе одат заедно на Месечината

TOYOTA и Јапонската вселенска агенција ќе ги здружат силите на заедничката мисија на истражувањето на Месечината, при што задачата на произведувачот на автомобили ќе биде развојот на специјално возило за движење на сателитот на Земјата.

Ова ќе го стави “Тојота” на портата на истражувачката активност на универзумот откако веќе разви мал робот за потребите на Меѓународната вселенска станица.

“Планираме да соработуваме со “Тојота” во мисијата за истражување на Месечината”, изјави портпарол на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA).

“JAXA и Тојота ќе ги објават деталите за проектот следната недела на Токискиот симпозиум организиран од Агенцијата за вселенски летови”, додаде тој.

Тојота потврди и дека планираат да најават заеднички проект со JAXA “за мобилност и истражување на Универзумот”, но не сакала да даде детали.

Новинската агенција Jiji Press објави дека Тојота очекува да развие “метод на мобилност” во соработка со агенцијата која ќе се користи во мисијата на површината на Месечината.

Мисијата е составен дел од обновениот глобален интерес за Месечината, кој понекогаш се нарекува осмиот континент. Мисијата ќе започне 50 години откако американските астронаути за прв пат стапнале на површината на Земјиниот природен сателит.

НАСА пак има намера до 2024 година да спушти на Месечината беспилотно летало, а мисијата со луѓе треба да следи потоа.

Досега само Русија, САД и Кина ја преминаа оддалеченоста од 384.000 километри и спуштија вселенски летала на површината на Месечината. Кон крајот на февруари, Израел исто така лансираше летало кое на Месечината треба да слета на 11ти април.

Јапонија во 2017 година најави дека ќе однесе астронаути на Месечината до 2030 година.

 

Поддржете ја нашата работа: