ЦЕРН: Во потрага по честичките поврзани со темната материја

Европската организација за нуклеарни истражувања, ЦЕРН соопшти дека покренува нов експеримент во потрага по честички поврзани со темната материја, како што се црните фотони.

ЦЕРН, кој во подземните простории го има најголемиот светски акцелератор наведува дека новиот експеримент ќе се однесува, пред сѐ, на честичките коишто имаат меѓусебна слаба реакција.

Некои од тие честички се поврзани со темната материја, која е еден вид хипотетичка материја, што не е чувствителна на електромагнетната сила и не може да емитува светлина, поради што потешко се открива.

Големиот хадронски акцелератор, како што наведуваат научниците не може да ги детектира тие честички, поради што наскоро ќе биде поставен нов детектор кој ќе бара хипотетички честички, посебно црни фотони кои се поврзани со темната материја.

Првите резултати се очекуваат по 2021 година.

Доколку експериментот биде успешен, физичарите ќе можат појасно да ги согледуваат поединечностите за темната материја, маса која недостасува во Вселената и претставува околу 27 отсто од вселенското пространство, ги држи галаксите заедно, но е невидлива и научниците.

Видливиот дел од темната материја е нејзиното содејство со гравитацијата.

Големиот јадрен колајдер е користен, меѓу другото, и за откривањето субатомски честички за коишто науката долго теоретизираше, а познати како Хигсов бозон или Хигсова честичка, без која другите честички не би можеле да бидат поврзани и без којашто не би постоела материјата.

Франсоа Англер и Питер Хигс за откривањето на Хигсовата честичка во 2013 година ја добија Нобеловата награда за физика.

Поддржете ја нашата работа: