Кина планира да изгради акцелератор кој ќе биде за 5 пати посилен од оној во ЦЕРН

Најголемиот научен експеримент и воедно најголем робот на светот, големиот хадронски акцелератор (LHC) во ЦЕРН, во наредните години би требало своите титули да ги предаде на новиот кинески уред за слична намена.

Имено, минатата недела се откриени плановите за изградба на новиот кружен акцелератор на честички на новата генерација, Circular Electron Positron Collider (CEPC).

Намерата на кинеските научници е да го продолжат и унапредат истражувањето во доменот на физиката за честичките, но на поголеми енергетски вредности од оние кои моментално се достигнуваат во ЦЕРН. “CEPC” би требало да има кружен тунел за забрзување на честичките со дијаметар поголем од 32 км (LHC мери 26,7 км), опсег преку 100 километри, додека вкупната сила би можела да биде и до пет пати поголема од онаа која ја постигнува LHC.

Изградбата на подземниот тунел треба да започне после 2022 година, а доколку се оди по план, Кина ќе го пушти во употреба најголемиот акцелератор во 2030 година.

Првите седум години ќе се занимава исклучиво со генерирање на Хигсовиот бозон, а потоа би се насочил кон повисоки енергии. Во истиот тунел, тогаш би требало да започне изградбата на новиот уред – Super Proton Proton Collider, кој веројатно ќе може да ја искористи технологијата која ќе се појави до 2040 година.

Поддржете ја нашата работа: