ЦЕРН ја прекина соработката со италијанскиот научник кој рече дека физиката е само за мажи и ги обвини жените дека добиваат работни места во истата област само поради дебатите за родова еднаквост.
Во петокот на 28 септември, европската организација за нуклеарни истражувања, организирала семинар во Женева на кој бил повикан Алесандро Струмија, италијански научник од Универзитетот во Пиза.
Повеќе научници кои учествувале на тој семинар веднаш на социјалните мрежи ги споделиле неговите сексистички изјави.
АФП пишува дека научникот не бил на семинарот, но агенцијата имала увид во презентацијата на Струмија, во која вели дека мажите се повеќе се дискриминирани на подрачјето на физиката.
Се поважната улога на жените на работни места врзани за физиката, тој ја објаснува како отстапки поради бројните расправи на прашањето за родова еднаквост, но не поради нивните квалификации.
Во својата презентација вели: “Физиката ја измислиле и изградиле мажите, и во оваа објаст не се влегува со покана”.
ЦЕРН, на чие чело стои Фабиола Џаноти, во соопштението објаснува дека оваа презентација за нив претставува шок, при што со истиот научник се прекинува секаква соработка.