Циклус предавања на популарни астрономски теми 2017

И оваа година, Скопско Астрономско Друштво организира Циклус предавања на популарни астрономски теми. Циклусот започнува на 19.10.2017 (четврток), а предавањата ќе се одржуваат секој четврток, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

На 02.11.2017та година ќе се одржи предавање на тема “Црни дупки”. Иако името на овие објекти нè асоцира на нешто мистично, црните дупки денес се добро дефинирани астрофизички појави чии карактеристики можат да се дознаат при набљудување на нивната интеракција со ѕвезди, облаци од гас и прашина или цели галаксии. На предавањето овој четврток ќе се зборува за теоријата која го објаснува постоењето на црните дупки, како ги набљудуваме и до каде е досега нашето знаење за нив.

Локација: Амфитеатар при Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Цена: 100 денари.

*За членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Во соработка со:

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.