Уредот наречен „Freevolt“ не може да овозможи енергија доволна за паметните телефони, но може, на пример, да обезбеди енергија доволна за далечинските сензори на дворските капии. Ако сензорите и светилниците имаат безжичен извор на енергија плус безжична конекција, се отвора поголема можност за опремување на домовите и градините со ваков вид на уреди.
Самиот „Freevolt“ уред е со големина на мобилен телефон, но е тенок колку една кредитна картичка, така што може лесно да се прикачи на сензорите и паметните уреди.
Со текот на времето, ако се развие технологијата, овој уред би можел да се вгради во зградите, како и други структури, но засега е рано за тоа. Уредот е во можност да ја собере енергијата од „Wi-Fi“ и телевизиските сигнали, како и 2G, 3G и 4G мрежите, така што има потенцијал да се користи во секоја градба во урбаните средини.
Понатаму, компанијата планира да направи и помала верзија на „Freevolt“, а тоа може да води до изработка на паметни часовници и други уреди за носење кои никогаш не ќе мора да се полнат.