Волфија – храна на иднината

Duckweed Water Marsh Swamp Wolffia Globosa Pond

Некои видови на водена леќа кои се користат во Азија како додаток во исхраната, најчесто во супи и кајгана, можат да станат храна на иднината бидејќи се одличен извор на протеини, сметаат научниците од Универзитетот во Јена.

Со ова растение, исто така се хранат птиците, инсектите, микроорганизмите и рибите, а споменатите научници спровеле истражување на тема: Дали некои видови на водена леќа можат во иднина да му послужат на човекот како храна?

Водената леќа е растение кое изгледа како пловечки тепих на одредени водни површини. Може да се најде во мирни води или не многу брзи реки. Иако е едно од најмалите цветни растенија, ретко произведува цвет. Без корен е, и лебди на водната површина.

Wolffia Globosa Duckweed Water Pond Swamp Marsh
Научниците тврдат дека количеството на протеин кој го содржи ова растение се споредува со Lemnaceae, маслодајна репка и грашок, а исто така е богато и со омега 3 масни киселини. Содржи 40% на протеини како и во сојата.

Досегашните тестови укажуваат на тоа дека за избор на најповолна исхрана може да се смета волфијата, која има изглед и вкус на грашок. Волфијата содржи 38 видови најмали и наједноставни цветови. Долга е 0,06 сантиметри и широка 0,036 см. Тешка е приближно колку 2 зрна сол.

Научниците тврдат дека волфијата, освен за исхрана може да се користи и во разни пијалоци. Не содржи глутен, па затоа може да се замени со леб, во делови од светот каде стапката на лица кои патат од дебелина е значително голема.

Моментално веќе се водат разни студии во Израел и Холандија со цел ова растение да се произведува наменски и во поголеми количини.

Поддржете ја нашата работа: