Утре започнува „Енергетика 2016“ во Охрид

Утре( 6-ти октомври), со почеток во 11 часот во свечената сала на хотел Метропол ќе започне дводневниот Меѓународен симпозиум „Енергетика 2016“ што се одржува во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија-ЗЕМАК, пренесува порталот „OhridNews“

Според програмата на овој еминентен научен настан, ќе бидат презентирани 79 авторски трудови, а на пленарните седници ќе се дискутира за енергетската стратегија на Балканот, термоелектраните, природниот гас, технологија на хидроелектрани и дигиталната опрема за управување на капацитети.

На првиот ден од Симпозиумот се предвидени две пленарни сесиии на кои видни личности, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за состојбите во секторот како значаен економски фактор во Република Македонија и пошироко, во регионални и светски рамки. Најавено е учество на еминентни експерти од шест земји, Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Италија, Русија и Шведска.

Главни цели на овој меѓународен настан е да обезбеди платформа за размена на најважните информации, постигнувања и искуства помеѓу експертите од областа на енергетиката, приватни компании, истражувачки центри, универзитети и други заинтересирани страни на локално и на меѓународно ниво. Енергетската фела ќе разменува мислења околу предизвиците со кои се соочуваат енергетските субјекти, ќе ги идентификува соодветните механизми за нивно надминување. Исто така, ќе бидат презентирани и иновации во областа на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Ќе бидат и презентирани и нови прелиминарни анализи околу идни потенцијални енергетски проекти кои во наредниот период би се реализирале во Република Македонија.

Главен покровител на годинешниот Симпозиум е АД Електрани на Македонија.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.