Вештачките засладувачи можат да предизвикаат дијабетес

За оние кои не можат да му одолеат на десертот, вештачките засладувачи се чинат како добро решение. Во изминатите години, засладувачите станаа популарен избор за луѓе кои сакаат да вкусат нешто благо, а не сакаат да се здебелат или да добијат дијабетес.

Меѓутоа, новата студија вели дека вештачките засладувачи имаат еднакво влијание како и шеќерот, само функционираат на друг начин.

“И покрај зголемената употреба на некалорични вештачки засладувачи во секојдневната исхрана, сеуште се бележи раст на дебелина и дијабетес”, истакнува Д-р. Брајан Хофман, професор на Висконсин колеџот.

“Нашите студии покажаа дека и шеќерот и вештачките засладувачи имаат негативно влијание врз организмот, поврзани со дијабетес и дебелина, иако во процесот учествуваат разни механизми”, додава тој.

Вештачките засладувачи веќе се предмет на бројни контрадикторни студии. Некои студии идентификуваат два проблеми и покрај маркетингот, додека други велат дека таквите тврдења се претерани и невистинити.

Бидејќи студиите се во голема мера финансирани од индустријата која произведува вештачки засладувачи, тешко е да се одреди вистината. Оваа нова студија се повикува на досега најголемото истражување на биохемиските промени во организмот кои настануваат поради употреба на вештачки засладувачи.

Во експериментите на глувци, за помалку од еден месец, забележани се значителни промени во метаболизмот на овие животни. Засладувачите го промениле начинот на којн функционира телото, односно ги процесира маснотиите и примената енергија, а аспартамот се акумулира во крвта, па високата концентрација негативно влијае на клетките.

Научниците велат дека е тешко да одговорат на прашањето дали вештачките засладувачи се полоши од шеќерот, бидејќи умереноста во двата случаеви е од исклучителна важност. Нашиот организам во умерени количини има механизми кои се справуваат со шеќерот, но ако дигестивниот систем е подолго време оптеретен, процесот на разградување се забавува.

Засладувачите го залажуваат телото, но не произведуваат енергија која организмот ја бара и очекува. Поради тоа, кај лабораториските глувци се покажало дека телото ги согорува мускулите за да ја добие потребната енергија. Научниците се надеваат дека оваат студија ќе продолжи повеќе време за да успеат да го истражат влијанието на засладувачот врз човечки клетки.

 

Поддржете ја нашата работа: