Вклучен првиот сателит со електричен погон

Сателитот е управуван од „ABS“ – сателитска мрежа на Бермуда која овозможува телевизија, интернет и мобилни услуги низ целиот свет.

За разлика од конвенционалните сателити кои најчесто користат ракетно гориво, „ABS–3A“ користи ксенон-јонски погонски систем за да ја постигне потребната движечка сила. Поточно, користи бомбардирање на електроните за да создаде ксенон јони кои потоа ги исфрла од леталото, на тој начин создавајќи движечка сила во спротивната насока.

Електричниот погон не е толку моќен како ракетниот, но може да биде до 1.000 пати поефикасен и токму затоа е погоден за големи далечни или долготрајни вселенски мисии. Поради ефикасноста, постојаната емисија на јони со текот на времето ќе овозможи да се постигнат и поголеми брзини.

Како главно стационарен сателит, „ABS–3A“ не се движи конкретно некаде, туку погонскиот систем ќе му овозможи да ја прилагоди својата позиција во орбитата. Се очекува да работи 15 години, по што би останал во вселената како космички отпад.

Поддржете ја нашата работа: