Цените на фосилните горива се познати, но нивното влијание врз климата и здравјето на луѓето се многу поголеми отколку што мислиме. Дали одлуките за трошоците се носат врз основа на погрешна „математика“?
Студија, објавена минатиот месец во „Climatic Change“, обезбедува насоки за креирање на политиката со попрецизна рамка за проценка на трошоците, вклучувајќи широк спектар на здравствени, климатски и штети на животната средина поврзани со емисиите од фосилните горива, индустријата, согорувањето на биомаса и земјоделството.
Тековните пазари немаат цена за емисиите во атмосферата, па загадувачите обично не ја плаќаат цената. Наместо тоа, општеството го плаќа данокот преку зголемениот ризик од прерана смрт или болести предизвикана од загадување на воздухот, повисоки трошоци за здравствената заштита, намалување на приносите, пропуштени работни и училишни денови, зголемени полиси за осигурување на штетите од поплави и други екстремни временски настани поврзани со климатските промени, како и други секундарни трошоци.
„Вреднувањето на многу од овие општествени трошоци може да биде предизвик, бидејќи има толку многу фактори во игра”, вели проф. Шиндел, автор на студијата.
Компаративната рамка осмислена од страна на Шиндел предлага пресметката на трошоците да се гради врз основа на методологијата воведена во 2010 година за да и помогне на американската влада при утврдување на општествените трошоци на јаглеродот.
Новиот модел би вклучил многу поширок спектар на загадувачки материи и влијанија, вклучувајќи ги штетите од краткотрајните климатските загадувачи (SLCPs), како што се метанот и аеросолите, како и долгорочните стакленички гасови, како што е азотниот оксид. Со тоа би се добила точна процена на монетарната штета.
– Според американските информативни служби кои работат на проценка на цената на чинење на KW/h електрична енергија генерирана од различни извори енергија се следниве:
Јаглен = 5 денари за Кw/h
Природен гас = 3.5 денари за Кw/h
Соларна енергија = 6.5 денари за Кw/h
Енергија од ветер = 4 денари за Кw/h
Ако на овие вредности се додадат трошоците и штетите што ги прави самото производство на енергија , како зголемените трошоци што ќе ги плати општеството за здравство, екологија и многу други нус појави според резултатите од студијата ќе се добијат следниве вредности:
Јаглен = од 5 денари за Кw/h на 21 денар за Кw/h
Природен гас = од 3.5 денари за Кw/h на 7 денари за Кw/h
Соларна енергија = 6.5 денари за Кw/h – незначително
Енергија од ветер = 4 денари за Кw/h – незначително
Исто така ако се искалкулираат реалните вредности за бензините , истражувачите дошле до резултат дека едно просечно фамилијарно возило со бензински мотор со внатрешно согорување прави дополнителна штета на општеството од околу 2000$ , а доколку користиме возило со електричен погон тогаш битно е да се знае изворот од кој што се полнат батериите на возилото, и ако електричната енергија е од јаглен штетата е околу 1000$ а ако е од природен гас 300$.
Од следниве примери можеме сите да извлечеме битни заклучоци како за нашите индивидуалните постапки така и при донесувањето на државните политики кои се однесуваат на оваа проблематика.
Во Македонија и покрај ограничените ресурси со кои што располагаме за капитални инвестиции во енергетиката, просторот за работа и унапредување на ситуациите е многу голем и нашето размислување се концепира на тезата „Подобро да ги дадеме парите за напредни технологии наместо за лекови“.