Со истражувањето биле опфатени 21 000 возрасни лица, од 253 клиники за третирање на алкохолизам од државата Њујорк.
„Податоците укажуваат на тоа дека пушачите се соочуваат со потешкотии во текот на третманот“, истакнува Кимберли Вализер, водач на истражувањето. Пушачите пократко време се задржуваат на третманите и веројатно е дека исходот од третманот ќе биде полош отколку кај непушачите.
Ова претставува голем проблем за лицата што го спроведуваат третманот, со оглед на тоа дека мнозинството од лицата што имаат проблем со алкохолот се и пушачи.
Според Центарот за контрола на болести во САД, помалку од 20% од луѓето во САД се редовни пушачи. Сепак најголем процент од луѓето што имаат проблеми со алкохолот се пушачи. Исто така, луѓето со проблеми со алкохолот и со пушењето се поврзуваат и со други животни предизвици, како што се невработеноста, ниското ниво на образование, проблеми со законот, менталните болести и /или злоупотребата на други супстанции.
Кај жените, состојбата е дури и полоша. Иако помалку од 15% од жените во општата популација се пушачи, податоците покажале дека 67% од жените што биле на третман биле пушачи, за разлика од мажите каде што 61% биле пушачи. Истражувањето покажало дека, за жал, кај жените пушачи, третманите имале помал успех отколку кај мажите пушачи.
Што е решението?
„Претходните истражувања покажуваат дека ако луѓето можат да се откажат од пушењето пред да започнат третман за одвикнување од алкохол, исходот од третманот ќе биде многу подобар. Истовременото откажување е многу потешко да се постигне“, нагласува Вализер.
Истражувањето е објавено во списанието „Substance Use and Misuse“.